И
гледаш минал часот,
испразнета последна голтка
пелин и смиљ.
Дури западот гори,
одамна заборавено дете
пак ја облекува оваа кожа
и бара во ноќта
низ тревјето
(со заѕвездени очи)
мали и трепкави
зелени светла.
И сега во воздухот
обременет од стихот
тргнува една солза
по години... радосна прва.
Понекогаш на зајдисонце
завршува денот,
а понекогаш, многу ретко
зајдисонцето,
го осветлува светот.
Comments
Post a Comment