Сол

Чиниш за доброутро,
студот ми ги подгрицнува
препотените од нокјните превртувања
боси стапала.

Првата цигара грепчи и корне
по задниот дел од грлото
а коските вијат
во истегнувањето

по сите години
во дивинита .
Утрово ме пречекува
старец во огледалото

Лице изгорено од
солта истурена по илјада патишта
прескитани во бунило ,
Страст и глупост .

Јануари 2018 

Comments