Хипнос
лека ми ги натежнува очиве
светол
крст ми гори дупка во џамот.
Тишината ја бркам со тажаленки,
Тишината ја бркам со тажаленки,
Досадата
со кафе, чад и стихови.
Од
годините ме вијат зглобовите ,
а низ
главата виорат ред
мисли
ред сеќавања.
Ништо нит поседувам,
Ништо нит поседувам,
нит
плаќам а и ништо не борчам.
Се
сладам себично
на
убавината и самотијата,
тука
во ова алово орлово гнездо
високо
над магливиов град
кој
ништо не памети,
и ништо не гледа .
Јануари 2018
Comments
Post a Comment