Работник

 Сонував синоќа ,
Ме ставиле во од моиве
раце исплетен кафез:
левата преку десната
и пак преку левата .

А гледам далеку
играат луге
се радуваат,
розово изгрејсонце
над нив.

И се вртев.
И се борев да најдам .
Каде рацеве
кои мене ме предале
се здрависуваат.

Потегни по едната
на другата влечеш
потегни по другата
и срцето
ти прерипнува .

И крикнувам :
Раце мои знам дека
од вас лебот го вадам,
и во уста ми го ставате
треба ли и роб да ви бидам

December 2017

Comments