Неизживеаност



Посегнуваме и двајцата кон запалката
Само лесно допирајќи се
И потоа и двајцата стоиме посрамени .
Потоа се гледаме долго
Оставајки очите да не соблекуваат еден со друг ,
а умовите да водат љубов додека и двајцата не
ја испотиме секоја капка на страст еден за друг .
И така со денови страствуваме бидејки
нашите раце се допреа .

II
Додека гледаш надолу
Низ блузата продзираат твоите гради
Доволно големи да наполнам рака
И секогаш цврсти
… толку привлечни.

Се виорат низ главава видениа
Како ги целувам ,
Па потоа слегувам надолу со бакнежи
Бавно еден бакнеж за секое твое сепнување
Еден допир за секое подзапирање на твоето срце
И така со часови, за на крајот да те видам
Како во моите раце лежиш истоштена , полумртва
Од страсти и посакувања .
Една мала la pieta .

И тогаш целата збунета ја подигнуваш главата
И со блескави очи ми кажуваш , дека не само што ме остави
Да ги гледам , туку дека и низ твојата глава
Се виори истата војна .
Нa крајот молчиме чезнеејки еден за друг
од спротивни краеви на масата .

III
Каде ке ни одат душите ?
Секој ден низ поглед се обљубуваме
Секој ден без зборови си потврдуваме
Дека во првиот миг кога за тоа
Можност ке се даде , ке ги раскинеме
Алиштата еден од друг и ке се фрлиме
еден на друг ,
Како цел живот страст да сме чувале
Еден за друг .
А низ погледи и безначајни зборови
Се чуваме еден од друг далечни
И дури страмуваме од случајни допири
Каде ке ни одат душите ?



 April 2015


Comments