North by northwest





Станот во кој порано живев гледаше накај Шара
Сонцето таму секогаш го гледав на умирање
Утрата беа тмурни , а сонот кршлив

Гулаби играа по терасата , се додворуваа
и одлетуваа ...
Нив им беше лесно .

Болката е чудно нешто.
Кога ке пробаш да ја напишеш
таа се вртопери во твојата глава
и материализира на ново
во нешто друго.

А кога е најсилна , мораш да ја истрпиш
во тишина , без збор.
Бидејки знаеш дека твојот крик
ке го направи потемен целиот свет .

Сега прозорците ми гледаат накај Водно
И тука гулаби се корзираат по тарасата
А утринската тишина и самотија.
Како да е полесна кога се будиш на сонце.



Comments