Самотија


Тешко ми идат зборовите ,
тишината ме победува веке
се вгнездила во мене
и грепчи корне кога нешто
па макар и штраканјето по
тастатурава ке се обиде
да и го ништи спокојот.

Тешко ми идат зборовите.
Со луге скоро и не зборувам,
сиви и испиени се и нивните
и моето лице , деновите веке
тежат премногу
а траат прекратко и маките,
не одлетуваат туку застојуваат
како тиња

Тешко ми идат зборовите.
Секој збор бара сила,
Бара прошка за туѓата а и
сопствената глупост.
Секој збор има квантни крила
и нивното замавнување
го менува светот.
Секој збор е бунар мизерија
која кога ке се изрече
ке набликне ко вруток.

Тешко ми идат зборовите.
Полесно е да молчиш,
гледајки во истокот
додека го пиеш утринското
кафе и се гушиш
на првата цигара
слушајки ги ветрушките
како чачорат над прозорецот
каде им е гнездото.

март 2018

Comments