Линеам





Серт тутун , и заборав.
Бројки , луге и далечина.
Не се губам веке во зборови
само се сеќавам на мириси
денови и соништа

И линеам ,
како пресушен извор,
линеам капка... по капка.
веке бледо се сеќавам на
се она кое значело , живот

Бледо се сеќавам
на тоа што значи да те допрат...
да ти се наежи целото тело.
бледо се сеќавам
на утрини вљубени во
нечија кожа.
И неспани ноќи
додека гледаш
како таа сонува

Сега веке се радувам
на соколите кои ме будат
утра полни болка
и фотокопирани денови

и линеам …
Капка по капка се
доисцедувам

за да пресусшам .

Поредица : Бела  (Март 2018 )








Comments