Доручек


Треперам во надојдена бујица
Сонцето го пали небото како што расте
во истокот .
И дишам и пијам од крвта која се облаците
пеплосувајки го јазикот од жештината

Околу мене дренови , нарциси , и магноли,
не заузадани боји .
Околу мене се надигнуваат
ред чад ред пареа
Одвнатре превривам

Пука лушпата
и од секоја пукнатина
бликаат реки светлина

И јас сум реката
веке не линеам
сега течам со моќ да уништам
сега течам со моќ да преродам
сега течам .

Април 2018


Comments