Лажно Монаштво


Од време те носам.
Како куршум кој го оставиле
во моето тело.
Раната зараснала,
а ти сеуште се движиш низ мене .
Понекогаш преточувајќи ги
деновите во болка ...
а понекогш во света амброзија.
Сега кога сите ме гледаат со
сожалување и скрб
зарад аскетијата која навидум
врз себе како плашт ја фрлам.
Тие незнаат дека куршумот
сеуште во мене врти
и се поместува …
Иако со години не сме се допреле...
секоја вечер ме наежува
сеќавањето на твојот допир ,
секоја вечер во соништата
ти ја кршам снагата.
Кога сум сам , со тебе зборувам ,
и стихови всушност тебе ти читам.
моја темнa жено која
снове крај темното море.
Знам ли дал во тебе врти
ист таков куршум ?
Цел ли живот куршумов
во мене ке врти ?

Април 2018


Comments