Ноќно Минување низ черешови дрва .


Вечерта ме одведе …
беше мила и полна.
На крајот разделувајки се
од милите и познатите,
по случајност направив
ноќно ханами.

Девојка собираше
од паднатите розеви
цветни ливчиња,
цели грстови беше
собрала ...
и им се радуваше.

А јас ...
Низ черепов толкував градови,
гледајки во бездомното куче
кое со гурелави очи
од мене побара внимание.

Има два вида градови,
Градови на бездомни
кучиња и ...
градови на бездомни мачки.
Првите се нови и неизживеани
а вторите стари и рутински.

Кучињата се тука да го
штитат човекот од човекот,
а мачките …
Тие се тука кога човекот
го изгубил човекот.

и таму некаде
откако поминав
низ дрворедот
од черешни
низ длабоката мисла
за мачки и кучиња
и градови ,
мегу милионот од луге во овој град.
Ги видов твоите
уморени ,
подзамижани,
тажни,
искрени очи.

Не те познав по зборовите ,
Не те познав по
мисли и уморен стих.
Не те познав од слика 
или преку познаник.
Ти ги познав очите .

Додека од убавина
опиен, крај тебе минував
те видов.
И за тебе останав незаприметен.
Само едно цветно ливче
кое го бара патот до земјата.

Полесни се зборовите,
Се е полесно, кога на човек
не му ги гледаш очите ...
Градов…
Градов е полн со
бездомни кучиња .

 Април 2018




Comments