Не живеам во време за поезија


Си подскубнувам влакна...
И се прештипувам секогаш,
кога дури и низ паметот
ми мине мислата да ги кажам зборовите.
Оние кои ги кријам за себе.
Или ги набивам на хартијата.
Скришум .
А кога се внатре
болат,
кинат месо и се борат да излезат!
За да седат мирни со грстови сол
турам врз раните кои ги направиле.
Да ги закопам во пресушеното море,
за и јас да станам пресушен.
И веке да ги нема.
Бидејки сум возрасен и
не живеам во време за поезија !

2012

Comments