тенката ти снага
наутро ,
на будење сакам да ја
кршам
Ги сакам за појадок
Твоите зборови
и стихот
кој за себе го криеш
А приквечерина
е да ме оставиш
Сонцето да го
излижам од тебе
за да не те мачи низ ноќта
Сакам ноќта
со твои восклици
и волнувања да е
полна
Да се вихриш над мене
со самодива која
игра
И таков ненаспан и исполнет
да ми е секој ден
Окт 2018
Comments
Post a Comment