I
Како добро кафе:
вкус на изгрејсонце
и мирис на соништа.
Како темна чоколада:
кога се топи во устата
прегорена од цигари.
Како голем и мил
црн мачор мрзливо
оптегнат преку твоите
колена-распреден.
Како блуз
кој со секоја нота
те гали од ушите,
до срцето.
Нема по мило и потопло од Црно!
II
Со очи сакам да те испијам,
затоа те гледам така
ко подлуден.
Малку остарен , малку занесен
многу мамурен и од убавина
алосан.
Те гледам ко светот да зависи
од тоа дали ке ја отвориш вратата,
и во ал соба да алувам ке
ме оставиш.
Не ми е доста една ноќ
Те пијам со очи за да се наситам
што повеке од тебе дури си тука.
III
Не надевај се
дека ке те помнам.
Не надевај се.
Ти самата бараш
да избршам секаква трага
дека си била тука.
Затоа полесно е да заборавам!
Не надевајсе дека ке те помнам.
Ке те заборавам
додека уште не стивнала
промајата од затворената
врата.
Ке откорнам секоја трага
од семка која си ја оставила
како што ветив.
Има секоја
трага и спомен да ја избришам.
И ако некогаш се сетам
има исто ко што
правам и за моето,
и твоето име врз вода да
го напишам !
IIII
Жолти лисје.
Тишина над градов.
Секој чекор
врз океровиот килим
е два назад.
Вечери полни
беседи за слобода
од оние кои слободни
никогаш не биле.
Бладања за љубов
од оние кои цел
живот арчеле за
да се вљубат а
секогаш само
во себе вљубени биле.
Љубовта е слобода.
слободата, Љубов.
Јас побрзо ке умрам
отколку да не љубам.
Но како да знаеш
што е слобода
ако не си ја сетил?
Зар љубов има
онаму каде сите
себе се љубат?
VI
Тишините ме настигаат,
минува крај мене
бела мачка
ко плишено облаче.
Едно око килибар
другото е море.
За брзо
пак маглата
ке не завее
и пак во магла ке се бараме:
еден со друг
далечни,
секогаш половични,
Со едно око
свртено кон огништето
а другото секогаш
накај слободата.
Тешко на оној
кој слободен бил,
Тешко оному кој љубел
во градов.
Лугето во таа мачка
се претвориле.
Како добро кафе:
вкус на изгрејсонце
и мирис на соништа.
Како темна чоколада:
кога се топи во устата
прегорена од цигари.
Како голем и мил
црн мачор мрзливо
оптегнат преку твоите
колена-распреден.
Како блуз
кој со секоја нота
те гали од ушите,
до срцето.
Нема по мило и потопло од Црно!
II
Со очи сакам да те испијам,
затоа те гледам така
ко подлуден.
Малку остарен , малку занесен
многу мамурен и од убавина
алосан.
Те гледам ко светот да зависи
од тоа дали ке ја отвориш вратата,
и во ал соба да алувам ке
ме оставиш.
Не ми е доста една ноќ
Те пијам со очи за да се наситам
што повеке од тебе дури си тука.
III
Не надевај се
дека ке те помнам.
Не надевај се.
Ти самата бараш
да избршам секаква трага
дека си била тука.
Затоа полесно е да заборавам!
Не надевајсе дека ке те помнам.
Ке те заборавам
додека уште не стивнала
промајата од затворената
врата.
Ке откорнам секоја трага
од семка која си ја оставила
како што ветив.
Има секоја
трага и спомен да ја избришам.
И ако некогаш се сетам
има исто ко што
правам и за моето,
и твоето име врз вода да
го напишам !
IIII
Жолти лисје.
Тишина над градов.
Секој чекор
врз океровиот килим
е два назад.
Вечери полни
беседи за слобода
од оние кои слободни
никогаш не биле.
Бладања за љубов
од оние кои цел
живот арчеле за
да се вљубат а
секогаш само
во себе вљубени биле.
Љубовта е слобода.
слободата, Љубов.
Јас побрзо ке умрам
отколку да не љубам.
Но како да знаеш
што е слобода
ако не си ја сетил?
Зар љубов има
онаму каде сите
себе се љубат?
VI
Тишините ме настигаат,
минува крај мене
бела мачка
ко плишено облаче.
Едно око килибар
другото е море.
За брзо
пак маглата
ке не завее
и пак во магла ке се бараме:
еден со друг
далечни,
секогаш половични,
Со едно око
свртено кон огништето
а другото секогаш
накај слободата.
Тешко на оној
кој слободен бил,
Тешко оному кој љубел
во градов.
Лугето во таа мачка
се претвориле.
Comments
Post a Comment