Светулки


Кога бев дете
секое лето
се појавуваа
трепкаа и светеа
а злобните деца
ги смачкуваа и
ги ставаа на челото.

Се сеќавам на една
вечер крај едно езеро
беа толку многу
што ноќта ја
направија ден.

Се сеќавам подоцна
ги помнев како во сон,
и се радував
кога ке видам
па дури и само
единствена една.

Кога ке размислам
толку долго не
сум видел светулка
што ,
што сега
дури и ми се чини
дека навистина биле
фантазија или сон.

Октомври 2018




Comments