Разубавено Сеќавање

Како две јаболка
кои висат под два
темно-златни листа
пресно измиени од дожд,
одсјајувачки .
Така ти ги помнев очите
по прво видување.
Сеќавањето ме лажело.
Помнело нешто свое
да те направи поубава.
Очите всушност
ти се сиви !?!

Окт 2018

Comments