Ноќниче


Пополека ги собирам
и одбирам зборовите
Како семки од татула.
Секој збор некажан, проголтан
уште едно бунило и стих.
Секој кажан
нова бело-лилава трубичка.

Пополека ги собирам деновите
Како семки од ноќниче
Секој ден уште еден начин да ме посадат
Секој ден пак да израснам
И кога ке ме нема мене
Пак да ме има.
И во ноќта да процутам

Октомври 2018

Comments