Те сакам таква
со гнев кој
на уста ти пени
гладна за борба
и со крв во погледот
Те сакам таква
ко менада бесна
со згрчени раце
напреганти гради
за здив кој се борат
Не стишена
Побеснета
Вистинска
Стихија
ЖЕНА
Те сакам таква
распослана по креветот
во ал знаме завиена
во сонце искапена
Од утрото родена
Те сакам таква
Октомври 11 2018
Comments
Post a Comment