Аурора


Ги слушам топовите на Аурора 
ми одекнуваат и звонат во ушите.
Иако сто години стар 
Тој звук станува посилен секој ден.

Тој плотун кој го промени еднаш 
овој свет , знам ке се чуе пак.
Безмилосно пак камшиците паѓаат 
врз незаштитени работнички плеќи

И пак ке дојдат алови утра 
И пак ке протрепери мракот 
пред маршот на силните но 
камшикувани плеќи.





Comments