Како молњи низ
телото
се шират болки,
секогаш кога во
тиквава ке се судрат
Јас и јас.
Сите мускули
закржлавени и тешки.
Сите здивови
кратки и недоволни.
Грепчам по ѕидовите,
солзите не застануваат.
Секое движење е
пекол по пекол.
И потоа се кријам
длабоко во дупките
на станов.
За да не гледам.
За да не слушам.
Горам и молам,
но сите долеваат масло.
Се давам и викам,
но сите ме оставаат
струјата подлабоко
да ме носи.
Оставен сам
со никој на светот
дури и во соништа
паѓам.
Comments
Post a Comment