Победа

 

I ( Recurring Dream )

Како дете, не зазнаен бев ...
Еден сон имав
кој се повторуваше
ноќ по ноќ
Сеуште тој сон
ме мачи
иако не го сонувам веке

Пред голема терасна врата
облеана во сонце стоеше жена.
Вајано тело како сенка
избањано во светло
и додека го гледам
чуствувам ... дома ,
момент на чиста убавина
и љубов и топлина.

Никогаш не и го видов лицето
Токму кога ке тргнеше да се врти
кон мене , пред ликот да го видам
Се будев .

До денес ја барам пет аголната,
терасна врата , и вајаното тело
облеано во сонце...
Таа слика која се вика дома

II  Prin ( before) 

Се разминуваме
времето запира
и трепнува реалноста
и пак заминуваме
во погрешни орбити
Се сеќаваме само на
лице во гужва ,
И поглед .

Како што танцуваат
бинарни звезди,
но со секое разминување
се повеке и повеке
се затвараме во спирала
И конечно вртиме еден околу друг
и сјаеме посилно заедно
Како слеани еден во друг


III  ( Winged Goddess)

Светулки играат околу нас
Јас во бунило
Одамна бев помислил
Дека само сум ги замислувал ко дете.

Те погледнувам,
сум се стопил .
Исчезнало се пред тебе,
и времето стои .
Веке нема разминување
има само две звезди
кои посилно сјаат
додека се вртат една околу друга

Стопени се слеваме
еден во друг.
И веке нема линии
каде почнува едниот
А каде завршува другиот


IIII ( Dreams Revised )

Додека комшиските соколи
го учат своето младо да лета,
ме бакнуваш и бавно тргнуваш
накај терасата.
Те гледам од далеку како лебдиш
низ станот.
Пред пет аголната врата
застануваш облеана од сонце
Се претвараш во сенка
се истегнуваш завртена према надвор

Срцето запира ,
Времето стои .
Додека бавно ја вртиш главата кон мене
во сјајот ти ги гледам крилата.
конечно ти го знам и гледам лицето ...
Ти моја крилата божице
За прв пат сум дома .






Comments