1
Месо
распослано по перници.
Тивко скапува,
се распаѓа и смрди
Во темница
се бори за здив.
2
Погледот надолу,
( тие кратки три-четириесет метри)
ме потсетува
дека никогаш
не се плашев
од висини.
Туку само сакав
да паѓам,
а знаев дека ке можам
само еднаш.
3
Се е претешко
се е преболно
се е безсмислено
се е премалку
се е одповеќе
дури и здивот
е борба.
4
Ке
врне -
ке врне кога ке умирам
затоа ми е мил дождот.
Со години ја носам
тежинава која е секоја клетка,
затоа сонцето не ме радува.
Mе
потсеќа на раскапаново
тело со недоволно сератонин.
Mе
потсеќа на расипаниов
мозок заглавен меѓу
две лица.
И секогаш кога врне,
се надевам дека ке е
последниот дожд
Comments
Post a Comment