7 Дена

 

„И ако твојата десна рака те соблазнува, отсечи ја и фрли ја од себе; зашто ти е подобро да пропадне еден од твоите членови, отколку целото твое тело да отиде во пеколот.“



1
Се закопав во тишината 
ископав длабоко во неа
и потоа себе се закопав
немаше мир .


2
Пак ли Улисе
Фантоми низ главата
и телото бркаш.  
Каде овај пат ке бараш
мир.
Мртва и разрушена е Итака
Улисе...
Улисееее!!!

3
Во среда се разбудив,
ја наполнив кадата...
Чекав да се појави,
да ја покаже својата
грозна форма.
Чекав и се плашев.
Претешко беше она
кое требаше да го направам.
Кога се појави брзо ја
надсилив.
Ја истуркав накај кадата,
и ја турнав главата длабоко под вода,
и држев додека гнасната
форма не престана да мрда
под моите раце.
Потоа победоносно
запалив цигара...
одалеку гледајки го трупот
на Надежта.


4
Убиј се ...
Или убиј се добро во себе! 
Улисе ...
Улисееее!!!
Убиј се!
Или убиј се добро во себе .



5
Кога не се надеваш ...
Видот ти станува чист.
Ја гледаш лагата пред да е
кажана, па дури и себе да си ја кажуваш
А вистината ти е шега. 
Улисееее!!!
Каде сега ке бегаш.  



6
И ако твојата десна рака те соблазнува...
Мојата е гагреносана и ме убива,  
се распаѓа и смрди .
Во кадата сеуште стои
грозен труп.
А веке се спремам да додам уште еден.
Од мене само пепел .
Улисееее !
Грабам бонсек и сечам.



7
Тишина .
Само тишина.
Место рака,
фантомска болка.
Ке поумираш уште
малку Улисе.
Ке поумираш уште малку,
но сега
освен фантомската рака
нема да осеќаш ништо. 
Нема да оживуваш секое
утро од надеж да се
отклучи врата .
Нема да осеќаш ништо.
Нема да се вратиш.
Не постои веке Итака.
Ке поживееш уште малку,
Мегу живите – умрен.
И уште долго ке
те боли и срби 
отсечената рака.
Уби се во себе а не себе... сепак.    
Улисе ... 
Улисееее!!!




Comments