I
Беше јуни
Јас со зборови и прсти галев
златна лира.
Со стих безгрижен се откупував
од цел живот гревови.
А ти го кршеше твоето тело
во екстаза,
водена од стихот
и светулките кои ти ги
осветлуваа наредните движења
Звонеше лирата
и целиот свет одеднаш
посветол.
II
Дождот почна,
Линее на секаде сребро по лисјата.
Те гледам.
Од рамената и грбот осеќам,
плешкиве конечно се раделуваат.
Ти го гледам лицето
на задремување и мислам:
Спиј сега моја Евридика,
и дупката и кучето се зад нас.
Долг е патот дома
затоа сега спиј.
А јас ке ти се придружам само,
да си ја вратам заборавената лира.
III
Прегледував стари слики,
прастари веке
судејЌи по тоа како изгледам
Сребро се раскомотило
и вдомило
каде катран беше
мојата бу(ј)(р)на глава
со златен ловор закитена.
Очите пропаднале
сјајот им истекол.
Од мене само кандилце
останало a и маслото е при крај.
Лирата е скршена одамна.
Дојдов да те спасувам Евридике,
Тебе те извадив.
А јас останав тука
да ги галам и успивам
трите глави.
Дури ни стихов непевлив
знам нема да го прочиташ и чуеш,
бидејки ти не читаш поезија.
И тоа само по себе пекол,
да пишуваш а баш оној кој треба
тоа никогаш да не го прочита.
Comments
Post a Comment