Квантна приспиванка

 


Колапс на брановата функција.
Вжарени облаци го милуваат
октомвриското сонце кое заминува.

Колапс на брановата функција.
Дрвата златеат во магливиот сумрак.
Се движам низ тунел од килибар
кој над мене прави арки.
Подот е смиљ.

Уште еден електрон
во необјаснива интерференција.
Никогаш не ни помислував
дека патките се толку трапави летачи, 
додека не ги видов
како над мене надлетуваат
во магливо полу светло.

Уште повеке интерференција.
Сонцето со последни зраци
ја убедува месечината да продолжи
да ми свети во магливиот самрак. 
Темнината брзо наваксува
и сега низ маглата играат сенки. 
А само месечината одсјајува во баричката.
Колапс на брановата функција.

Секој електрон ита.
Секој бран интерферира. 
Секоја одлука не  е самотија.
Само интерференција. 
Додека нема набљудувач. 
Дали и во друга пралелна вселена. 
вака колабираа брановите функции. 
Или секаде е истата маглива вечер 
и низ неа се движам сам низ темнинатa.





Comments