1
Само уште една чаша
само уште еден миг
само уште …
Додека игра сенката
додека дише темнината
додека сум надвор од кожава
леј
или линеј
ти или тој
сам или со себе
2
Кога те допирам,
возрасниот јас
го прекорува јас-детето
Внатре некаде
во митохондриите
заигрува сенката.
Надувана од кавгата
расте и станува целиот јас
угушувајки ги сите други јас
Ги дави во алкохолни пареи
и се се затемнува
Само уште една чаша
само уште еден миг
само уште …
Додека игра сенката
додека дише темнината
додека сум надвор од кожава
И потоа е утро
телото е скршено,
духот е мртов
боли секој здив
од сенката ни трага
само скршеното јас.
3
Зад
затворрени врати
со ново
наместени брави
во затеменети соби
Се
среќавам со проекции на
на твојата сенка додека надвор
врне злато и здивот е отров
а утрата се со сонце кое каса
Најмила ти
не си крива за она кое сум
Нити јас за она кое си
Но и двајцат се ништиме заради она
кое неможеме да сме
Сенки кои играат
Comments
Post a Comment