Ближи едно утро

 

Веке не го жалам утрото 
во кое ке се разбудиш 
за да ти кажат дека
веке ме нема.

И кога ме имаше 
ти кога ме имаше 
ме имаше , 
сиот . 
А не те ни запознав.
Со зборови 
одкупи се она
кое можеше
за мене да бидеш. 

Нема веке да жалам. 
Од се, на се, уби се. 
и ме избледе како лик 
од стара книга. 

Тука во темнината
каде сум сам 
ибледен забледен и блед.
Тука има само жал за
она кое не дојдов 
да го видам. 
А пак одамна веке 
не гледам ништо.

И зборовиве
напишани на празно 
испратени по ветер 
засекогаш да останат 
Невидени, нечуени, не кажани. 
А денот ке дојде и без мене. 





Comments