Нова Мачка.

 

Сеуште чекам две светки 
- светулки,
да засјаат на вратата 
кога се будам наутро 
- и тоа боли . 


Се што ме дочекува
е исушен босилек; 
воздух од тишината 
набиен до густина
на неутронска звезда;
игрите на сенката
и болка која е
единствено поднослива
заради хемија
која уредно и
секојдневно ја примам.

Веке знам дека кога 
ке заминам набрзо 
ке сум сам и трупот 
ке стои со денови, 
затоа сакам
да посвојам мачка 
барем некој да се слади 
од она кое сум, 
бев , и ке станам. 
Но мислам дека 
сликата ке ги вознемири 
оние кои ке ме најдат 
и затоа сеуште не се решавам.




Comments