Ние лудите

 

И новите апчиња изгледа не делуваат. 
Ние лудите, одиме на психијатри,
Ние лудите осеќаме присуство на луге 
кои не се тука , и вкусови кои не постојат. 
Ние лудите љубиме ... со сила која ја помрачува 
и вољта за живот. 
Ние лудите плачеме со денови, 
се смееме кога нетреба, и кога треба. 
Ние лудите си замислуваме работи 
и веруваме дека се точни, гарантираме со секоја 
митохондриална искра дека се точни.
Ние лудите се дружиме само со себеси, 
додека оние здравите се дружат , и другаруваат 
со други. 
Нас лудите самотијата најчесто не ни пречи, 
додека на здравите таа им е непријател бидејки ако 
доволно долго обштат со неа и тие ке се луди. 
Ние лудите пишуваме за никој да не не чита, 
зборуваме за никој не не слуша, 
гледаме за да никој не не види. 
Нас лудите брзо не забораваат, 
или заменуваат со други луди. 
И колку повеке го пишувам ова 
гледам дека не сум луд, 
туку само така им се чини на оние,
лудите кои не одат на психијатар бидејки
им треба само фини корекции. 


  



 

Comments