Магла веке нема ...
Утрото пак ме тера да мислам дека си блиску.
како секое утро.
болката си расте коако што сонцето се дига
па кога ке почне да паѓа и потоа
само расте и ноќе.
И да онаа темнина која е во мене само расте.
Голем сум, знам дека не си тука.
Знам дека сум заборавен,
знам дека сите ме оставија,
Кој има да троши време на лудак.
Но тоа не ме запира секое утро
под черџето да ти оставам клуч
од сменетите брави.
Денов тежи ...
Ми рекоа кога денот тежи
да пишувам и да купувам.
И затоа го средувам станот.
Купувам непотребни работи,
за кога ке дојдеш да е различен
и да не ти прави да се осеќаш лошо.
А ти нема да дојдеш.
Сигурно веке од сеќавањето ти е
избришана секоја црта од моето лице
и во тие виуги некој нов се вгнездил.
Јас знам дека не ме сакаш ,
кој би сакал лудак.
Никогаш и не ме сакаше мене,
љубеше послушна илузија за мене,
верзија од јас која беше во твојата глава.
А јас бев кукла во која ја вметна таа
друга душа.
Од таму е и лудилово, во еден човек
неможе да живеаат двајца .
Comments
Post a Comment