Пес

 

Ајде биди добар пес
и барај ме само за добро, 
и кога ке ти е добро. 
Мене ми е полошо
( секогаш и неоспорливо )  
затоа ти, треба
да си добро куче. 
А ако си добро куче 
можеби ке ти кажам 
дека те сакам.  

Ајде биди добар пес
и оставиме да се налутам
за нешто небитно. 
Јас секогаш имам право
да се налутам 
( па дури и за времето ) 
А ако си добро куче
можеби ке ти дозволам
малку да ме гушкаш.  

Престани 
се понашаш како 
бесно куче . 
Што ли јас ти направив
за да ме третираш вака.
Престани 
Бесните кучиња
ги стрелаат знаеш ?  




Comments