Ме разбуди глас :
„Не си умрен ама исто ко да си“
Ми рече.
А јас забрзано и трапаво
онака со тетеравење срипав
од подот каде бев заспал
и почнав да се движам како
кокошка без гла низ станот.
Потоа пак паднав.
Гледав како на косите тавани
игра утринското сонце.
а над мене стоеше дедо ми.
Ми зборуваше ...
Поучни приказни,
совети за работа,
секојдневни смешки.
На крајот тргна да заминува
и јас прво викнав дедо,
а потоа го ословив на име.
тој се сврти и ме искара:
„Внучко , ние мртвите,
ние немаме име“.
Comments
Post a Comment