Вода

 

Утрото подмукло
се всадува во празниов стан
под сивото декемвриско небо.
Поредното кафе е единствено
нешто кое ја топли душава.
Самотијата е како вода
и премалку и премногу
од неа те убива.
Се загледувам кон 
сивилото надвор. 
Здивот е тежок
како градите да одбиваат 
да се наполнат 
оти тебе и утрово те нема.







Comments