Празен град
стотици бездомни кучиња
Се слуша само
звук на амбулантни коли
Како јурат со најгласни сирени.
А во маглата скриени сите
се дават во сопствената самотиа и гнев.
Само магла и бездомни кучиња
Човечноста мртва , задушена под маски.
Дневников на чумава
исполнет со убиена и незародена љубов.
Comments
Post a Comment