Сликарот
На ум пак бликнал бедем
Низ хаос и низ поглед леден
Пејсажот нов од бои везен
Срцето удавено во бунар трезен.
Од очите вади црнила
А од срцето крв црвена
За да го обои небото
За линиите на сонцето.
Душа шири светлина
Празни бреме и врелина
Да обои сивило болесно
Да убие време полетно.
Од страв од заборав, со вик
Пуштајќи силен крик
Со солзи бриши прашина
Да не биде леш во оваа машина.
Кога бетонот ќе стане камен
Кога ридот пуст, рамен
Твоите очи ќе видат исто
Дека почетокот и крајот се ништо.
Comments
Post a Comment