Стравот

 Стравот

Да се почне од почеток повторно

Со ползење кон средината

Насадува тежина во срцето.

Додека умот ја бистри маглата

Ветува дека никогаш нема да се сретнат

И да се спојат во прегратка

Па сакаше да пружи раце високо

И да го допре небото

Додека на земја цврсто чекорат нозете.

Одејќи само напред во надеж јалова

Дека небото некаде по пат ќе биде пониско

Не знаеше дека небото нема да дојде во низините

Туку планините требаше да се искачат.

Страв вонземски му се всади навидум од непознатото

Криејќи го стравот дури и од себе

На сите раскажа дека планината не постои.

Рикајки со гнев и потсмев

На сите раскажа дека љубовта не постои

Криејќи ги солзите што очи гореа

Раѓајки идентитет за да има што да уништи

Создаде его за да има што да изгуби

Додека не се изгуби себеси

Од бес, од гнев, тонејки во душевен понор

Знаејќи дека нељубените никогаш нема да можат да љубат.





Comments