Јас и ти

 Јас и ти

Јас не сум ехо

Туку глас

Не сум само тело

И дух не сум сам

Јас сум и топлина

А не само мраз

И вода и воздух

Оган и земја

Бог и огледало

За сите вас.


И трепет и шило

За лага и вистина

И сликар и слика

Се што ќе биде

Или веќе било.

Тага ил радост

Цел век и младост

И свест и сон

Пропаст и плод

И нов спас со потоп.


Јас сум сето тоа

Како тебе ист

Ти си врева и тишина

И мисла си

Како светлина брза

И волк и инстинкт

И меч сме и крст

И рожба и смрт.





Comments