Anhedonia

 

Не излегуваат сиховите
уште се кријат
и вкоренуваат
во темнината.
И деновите полни анхедонија.
Се е бледо и продѕирно или сиво
утрини тешки, денови без крај.
самотни ноќи и тишина.
Врие сенката да тргнам пак
по најлошите дупки , и таму да
барам кој да ме убие
или пак да се родам.
Бара сенката да ги најде
другите изгубени души
таму на работ на човечкиот свет.
Се тресат рацеве.
Не излегуваат стиховите.
На работ на светот,
пак треба да барам
трошка убавина .






Comments