Зимско сонце


Зимското сонце бавно се повлекува
додека јас влегувам пак во келијава
во која се претворил станов.
Од ѕидовите капе болка 
со која луге натопиле. 

а јас,
за да се скријам од капките се покривам
со плаштот од самотија.
Само тука стуткан не се плашам.
И се течат безконечните денови,
во ова мое катче мир.




Comments