Погледни
ме
Јас ке ти сум огледало.
Секој твој страв, на мене покажи го.
Повторувај дека се она кое го кажуваш
е нај искрено,
а јас ке ти покажам што криеш
дури и од себеси.
Сепак јас сум само огледало,
одраз на светлината која твојот лик
ја оформува заедно со сенката од која
толку многу се плашиш.
Покажи се пред огледалото
Таму се е онакво какво сакаш да го гледаш.
Comments
Post a Comment