Тревожно но, сепак толку тивко
Немо но, со чекор се поблиску
Ко цел месец се крена месечина
Гордо пуштајќи сноп светлина.
И пак е ноќта само нејзина
Траор спие во круната крилеста
Голтајќи го вечерва градот стар
Судија ќе биде таа, кантар.
Свети низ отворени прозори
Ослепена од тие постели потни
Да не го гледа срамот нероден
Души што тонат во јаз понорен.
Низ дрво да пушти светла точка
Да утеши бради побелени стари
Да го растера тој сомнеж и јад
Надеж да даде за стариот град.
Пред магла пак да се спушти
Ко чад од цигара грло што суши
Пред мраз да продре и нова зима
Тивок вртлог донесе мирис на липа.
Comments
Post a Comment