Менуваше форми различни
Под блесокот на златно-жолтото сонце
Му помагаше во таа магија
И реката сива во вечен немир
За момент претворајќи се
Во страшно речно животно
Свинга закопана векови
На местото во тишина скриено
Што само мистичниот шум
На брановите, храброст имаше
Да ја скрши.
Како да беше чувар
На храмот во кој старите богови
Принудно го сонуваа својот сон.
За да заличи во мигот
На срце, бледо, розево и жолто
Со бразди и брчки
Што се појавуваа
И ги снемуваше под блесокот
На сончевите зраци
Остарено и немоќно, исплашено
И оттуѓено од се околу него
Толку многу што ни брановите
Не би му го поматиле
Погледот блед и тажен.
Тие сиви бранови му ја
Криеа и бојата силно црвена
Розево-жолта правејќи ја
Полна со смрт, но и со надеж
И желба да љуби и биде љубен.
Беше на само педа
Под водата сива и матна
И остана таму векови
Остана вечно неподвижен
Со сето знаење и мудрост
Зошто беше цврст
Зошто беше камен.
Comments
Post a Comment