Додека се
затемнуваше
чекорев со наросени очи
спремни да се претворат во
врутоци.
Полека но сигурно пукнаат конците
и крпенките
на оваа кожа која ја носам
а одамна не ја осеќам за своја.
Овај костум кој некогаш го полнев со слама
пепел и други мртви и скапани
работи за да не се гледа дека не е мој,
и подобро да ми стои.
А сега спремн да пукне од насобраниот
трулеж под него.
Понекогаш кога има сонце дури и сам
подбуцнивам низ набрекнатите
шавови со стапче...
Да видам ... Да проверам ...
дали таму мегу пепелта и трулежот
останало или се разбудило
некое жарче , некој знак
дека сеуште е жива
мрзливата огнена птица која
таму се скри во пеплиштата.
Comments
Post a Comment