Се разбудив денес, скокајќи
Но знам дека утре пак ќе сум мртов
Во еден стар непознат кревет
Покрај голи нозе уморен од студов.
Мисла ко точка во светлина гнила
Поминувајќи ја остави својата гадост
Со галеж од свила ми забоде нож
За милата и толку одвратна младост.
Нов почеток дојде, како во сон
Бришев со крв, а пишував со прашина
Жеден бев за последната капка
Бришејќи туѓи дела во темната машина.
Моменти, небаре вечно ќе болат
За премногу верба во вистината трула.
Сведок или жртва на новото време?
Одговорот и за тебе е заѕидан во тула.
Ќе ја убијам за последен пат
Ќе ме казни со мрак, ќе ја разберам.
Comments
Post a Comment