Прочка

 

Како под вода,
Како со навлечна на главата
волнена капа,
без вистински осет.
Слушаш , а не слушаш
Гледаш а не гледаш.
Од темнината откинат
со тишината задоен
здивот тежи...

Не од страв или самотијата
не од гнев или радост...
Туку оти туѓи градиве
Туѓа е кожава ,
Туѓи рацеве
Туѓо срцево

Како ли чумава не ме стигнува?
Или ако не е тој патот,
како да најдам збор – клуч
да отврднам и да се вратам.
Да испливам.
Ушиве горат пак да чујат,
очиве да видат.

Прочка е денес.
Од себе за себ
e измолена,
од себе за себе дадена.
И потоа како надежта
удавена .






Comments