Водилка


И квечеринава мириса на темјаника пак

Те заслепиле тие чаршафи бели

Те опијаниле мириси од розите зрели

А таа ко канапе масата ја краси

Чиниш универзум цел е

Мислиш залак еден е

А кога насмев ќе пушти

Времето со просторот стануваат едно

Та дури страв ти буди

Тој немирен трепет

Создаден од блесок на некои зраци чудни.

Како да не се од овој свет

Како да се создадени

Да раѓаат возљубени души

И разгоруваат војни

И помируваат војски

И на белиот лист му цртаат ред

И напојуваат со мајчино млеко

И блажени вкусови некои

На тивки страсти и пчелин мед.


 

Comments