Мартовски иди

 

Таму некаде , каде и да си
Можеби и ке научиш да сакаш.
Ке се соберат и склопат парчињата
од лудата сложувалка која
години те измачува.
Пролетта ке има смисла и
нема да е Фестивал посветен на
смртта и одминливоста на убавината
додека паѓаат околу тебе
черешовите цветови.
Ке се смират сенката и родителот
и бунтовното дете
конечно во заеднички дом
на работ мегу мислата и желбата.
Таму некаде во интерференција
на некоја идна бранова функција.







Comments