Совет

 

Она кое за тебе е сол
за други е сеуште море.

Со стравот
како со куче.
Ако тргнеш кон него
ке се плаши.

Не верувај на луге
кои ги кријат своите лузни
или белата коса.
Оној кој ги носи гордо
крие мудрост.
А кај оној кој ги крие
носи заразна болка.

Сите лажат,
но бегај од оние
ја живеат собствената
лага.

Убавината е за ден
Онаа најсилната е миг.
А останатото е
тага, болка и мака
до следен.

Самотијата те прави силен,
ама ако во неа си вљубен
си најслаб во овај свет.

И здивот е тежок,
ама и без него не си жив.






Comments