Пред портите рика
Силен , гневен ... на богови син.
Имам само да се збогувам,
со себе, оној кој го викаа Хектор.
Сребрени капки по мене.
Низ сребро гледам -
накапано на наочарите
Капки пролет, капки радост.
Во бурава е љубовта.
Таква кратка безумна стихија
да одрони листови цветни,
да излади незаумни сили
и да оплоди нов ден.
Сегде ново да никне ,
каде само гнев и самотија и
безчудие се трупало.
Да испере поплавата нов ден.
Од себе си дадов збогум,
- во изненаден пролетен дожд -
и го заборавив гневот
кој ме тераше да слушам
како некој вика од пред портите:
„ХЕКТОРЕ !!!
Сину Пријамов !!! “
Ме потсети дождот:
не боли смртта толку,
колку што боли да си жив.
Comments
Post a Comment