Започнав
потрага по спокој и среќа
во
она време викано најдобро.
Барав
по јавни и скриени места
со
конечна цел, без претходен план.
Мислев
ја најдов во малото лице
за
кое збореше и залез над море.
Скриена
насмевка, премалку зборови,
тајна
што чека да биде откриена.
А може всушност ти не
беше жена...
Беше идеја, метафора,
концепт...
Мирот и тишина не беа
доволни
да станеш каква што
сакам да бидеш.
Па
побарав после во полумракот
да
пронајдам некоја поретка птица.
Роза
изникната од распукан бетон
отпорна
на се’ што однадвор иде.
Ја
најдов и видов темнина внатре,
но
сетив восхит, никако страв.
Книга
напишана на мојот јазик
со
чудна тема двосмислена.
А може всушност ти не
беше жена...
Беше идеја, метафора,
концепт...
Јас гледав она што сакам
да видам
дека си каква што сакам
да бидеш.
И
повторно возам по истиот пат,
мојата
потрага се’ уште трае.
Одбивам
упорно негде да свртам
или
да сопрам на нареден знак.
Лошите
гласови ги закопав в земја,
новите
лица ги одминав тивко.
Се’
за да опстане тој идеал,
да
не изгасне прерано негде пред мене.
Зашто можеби ти не беше
жена...
Беше идеја, метафора,
концепт...
Но јас те посакував само
така,
онаква каква што сакам
да бидеш.
Comments
Post a Comment